Вучиќ за нередите во Собрание: Ова не се случило 35 години, ќе бараме одговорност

by Fokus

Српскиот претседател Александар Вучиќ говорејќи за нередите кои опозицијата ги предизвика денеска во Собранието рече дека се работи за малтретирање, хулиганско однесување и дека за тоа бара кривична одговорност.

„Денес е тежок ден за Србија и за секој нормален граѓанин на Србија. Тоа не се случило од воспоставувањето на повеќепартиската политика, во последните 35 години“, рече Вучиќ на почетокот на своето обраќање.

- Advertisements -

Зборувајќи за повредените пратеници, Вучиќ рече дека се работи за малтретирање, хулиганско однесување.

„Барам кривична одговорност, нема да мируваме додека не одговараат тие што го направија ова. Чекаме да видиме што ќе направи обвинителството. Нема да мируваме додека не се казнат луѓето кои го направија ова“, рече Вучиќ.

На прашањето како е можно пратениците од опозицијата да донесат димни бомби, тој рече дека тоа го направиле со измама, бидејќи сега се правaт од картон и пластика.

„Ги донесоа во долната облека“, откри претседателот.

Вучиќ порача дека народот не сака насилство, туку стабилност и мир.

Поврзани новости