Претседателот на Србија Александар Вучиќ кажа дека Србија со трупите нема да загрози на никаков начин, дека во случај на почеток на конфликт на Косово ќе чека реакција на НАТО 24 часа, и дека дури тогаш ако „продолжи погромот ќе реагира и ќе го спречи она што се случуваше во деведесеттите и во 2004 година“.
Тој наведе дека тоа му го пренел на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг дека војската на Србија ја кренала готовноста, а не трупите, како и дека не влегла на територијата на Косово што со Кумановскиот договор и сите последователни одлуки „нема право да го направи“.
-Сигурен сум дека луѓето во НАТО добро ќе ме разберат и дека ќе преземат сè за да го зачуваат српското население (на Косово). Ние сме мал народ и немаме толку огништа за да ги растураме, наведе Вучиќ.
Тој кажа дека го „погодила“ насловната страница на утрешното издание на весникот Данас, која го обвинува за „тропање со оружје“, како и дека постоел план да се затворат премините меѓу Косово и деловите од централна Србија каде живеат Албанци.
-Да го затвориме Кончуљ, да ги пуштаме само Србите на Ропотово, и да нема контакт меѓу Албанците од Косово и Метохија и оние од Бујановац и Прешево. Ние можевме тоа да го направиме, таа идеја постои, јас сум против таа идеја, наведе Вучиќ.
Тој додаде дека единиците на војската на Србија на југот на земјата, по вчерашната посета на амбасадорот на Русија Александар Боцан Харченко, истите области ќе ги посетат и воени претставници на „квинтата“, односно на САД, Италија, Германија, Британија и Франција.
На административните премини меѓу Косово и Србија Јариње и Брњак на северот на Косово веќе седум дена се наоѓаат специјални сили на косовската полиција за спроведување на одлуката на Приштина за одземање и замена на српските регистарски таблички.
Бројни Срби поради тоа ги блокираат патиштата кон премините, кои може да се поминат само пешки.