346
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, за британскиот весник „Фајненшл тајмс“ најави дека српската армија ќе биде повлечена од областа во близина на косовската граница.
Тој во изјавата додава и дека нема намера да ѝ нареди на армијата да премине преку административните премини со Косово.
-Србија нема да има корист од тоа бидејќи ќе ја загрози нејзината позиција во преговорите со Приштина под покровителство на ЕУ. Зошто ова би било корисно за Белград? Која би била идејата? Да ја уништиме нашата позиција што ја градевме една година? Да ја уништиме за еден ден? Србија не сака војна, рече Вучиќ.