Вучиќ за евентуално откажување на изборите: Тој филм нема да го гледате!

by Fokus

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави денеска дека нема да и дозволи на опозицијата да го спречи одржувањето на изборите и дека тоа е едно од најтешките кривични дела.

-Тој филм нема да го гледате, рече Вучиќ за ТВ Пинк Телевизија.

Говорејќи за тркалезната маса што се одржа на Факултетот за политички науки во Белград (ФПН), Вучиќ оцени дека тоа е одлична работа, но дека на тој настан се поканети шестмина претставници на Сојузот за Србија (СзС) и четворица претставници на Српската напредна странка (СНС), со што СНС е оштетена.

-Супер е да се разговара на секое место, но природно место е парламентот, кажа Вучиќ.

Тој наведе дека не знае дали вршителот на должноста заменик помошник државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања Метју Палмер за време на престојот во Белград им има порачано на лидерите на опозицијата да одат на тркалезната маса на ФПН.

Поврзани новости