Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, им се обрати на граѓаните на Пожаревац. Како што истакна, од декември до утре ќе бидат отворени вкупно 122 километри автопати и експресни патишта.
– Да се отворат толку километри автопати и експресни патишта за толку кратко време е речиси неверојатно. Од 1945 до 2014 година отворивме вкупно 596 километри автопати и експресни патишта, а со ова утре ќе има само 7 километри помалку. Во последните 10 години со ова што ќе го отвориме утре ќе има само 7 километри помалку, 589 километри.
Значи, за 10-11 години направивме колку Тито, Милошевиќ и ДОС заедно. И не мислиме дека ќе застанеме, сакаме да продолжиме да градиме, ќе продолжиме до Пожаревац, до Градиште да завршиме, па обиколницата околу Голубац, па кон Брза Паланка, Кладово, Неготин – изјави српскиот претседател.