Вучиќ: Вонредната состојба се укинува на Ѓурѓовден

by Fokus

Претседателот на Србија Александар Вучиќ објави дека вонредната состојба во Србија најверојатно ќе биде укината на Ѓурѓовден, односно на 6 мај.

Обраќајќи се на ТВ Пинк, Вучиќ рече дека потпишаниот предлог на претседателот и премиерката ќе оди во среда на Собрание и дека се очекува конечно вонредната сосотјба да биде укината во четврток.

-Тоа би значело дека од четврток нема да имаме полициски час. Секако дека на луѓето им е тешко да бидат дома, но тоа беше единствениот начин да ги сочуваме нашите родители, да ги сочуваме младите луѓе и мислам дека во најголем дел успеавме, додаде претседателот на Србија.

Претседателот претходно образложи дека на државата ѝ било многу важно мислењето на струката кога е во прашање епидемијата од корона вирусот.

-Ние се определивме за заштита на животот. Замислете да го направевме она што го направи Шведска, која има повеќе од 3.000 мртви“, истакна претседателот Вучиќ. „Не го намалувавме бројот на мртвите, не го намалувавме бројот на тестовите, додаде тој.

Тој рече дека сега многу помасовно се тестира за да се откријат поголем број пациенти со полесни симптоми.

Поврзани новости