Претседателот на Србија – Александар Вучиќ вечерва изјави дека не се плаши од заканите што му ги упатуваат претставниците на опозицијата и дека никогаш нема да се сокрие бидејќи е избран од народот. Оваа изјава доаѓа по коментарот на Здравко Понош, кандидат од листата „Србија против насилството“ дека на „Вучиќ не му останува уште многу и ќе заврши во бездна“.
Претседателот на Србија рече дека тоа го слуша секој ден и дека ги разбира и дека не му е јасно со што му се закануваат. Додаде дека проблемот на претставниците на опозицијата е што не се плаши од нивните закани.
„Ниту 207 часа брутални напади и невистини на телевизија. Од РТС, Н1 до Нова С. Нема проблем. Ниту лаги за моето семејство. Тоа зборува за нив, не за мене“, изјави Вучиќ.
Нагласи дека нема да дозволи опозицијата да ја украде волјата на народот и посочи дека нема ништо поважно од тоа.
– Ако ја украдат волјата на народот, нема да им дозволиме. Нема ништо поважно. Волјата на народот е света. Vox populi, vox dei. Гласот на народот е гласот на Бога. Ние не им даваме да крадат – изјави Вучиќ.