524
Српскиот претседател Александар Вучиќ во денешното онлајн обраќање во рамки на панел-дискусијата на Економскиот форум Делфи за пристапувањето на Западен Балкан во ЕУ, изјави дека во голема мера го цени пријателството меѓу Србија, Албанија и Северна Македонија. Според него, иницијативата „Мал Шенген“ има цел да овозможи слободен проток на луѓе, стоки.
-Гледаме дека треба да соработуваме не само за прашањето на економските односи, туку исто така сакаме да ги подобриме нашите односи на план на инфраструктурата и поврзаноста – рече Вучиќ, посочувајќи дека земјите во регионот треба да ја оживеат и да ја обноват довербата меѓу себе.