Вучиќ утре ќе го соопшти составот на новата српска влада

by Фокус

Претседателот на државата и лидер на владејачката Српска напредна странка утре на седница на Претседателството на партијата ќе ги соопшти предлозите за министри и мандатар на новата српска влада.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, ова треба да биде првиот чекор кон формирање влада, имајќи предвид дека Вучиќ најави дека за неговиот предлог за мандатар ќе разговара со партиските колеги, што е најавено за утре.

Во Србија во меѓувреме конституиран е новиот Парламент, кој, како што најавуваат медиумите, идната недела треба да го избере своето раководство.

Поврзани новости