Вучиќ упати сочувство за трагедијата во загрепското основно училиште: „Нашите мисли се со вас…“

by Fokus

Српскиот претседател Александар Вучиќ во петокот упати сочувство до семејството на седумгодишното дете убиено во основно училиште во Загреб и до граѓаните на Хрватска.

„Длабоко ме потресе веста за страшниот напад во основното училиште во Загреб. Во овие тешки и болни моменти нашите мисли се со семејствата на жртвите, сите повредени, како и со граѓаните на Хрватска – напиша Вучиќ на социјалната мрежа Х.

„Република Србија изразува искрено сочувство и поддршка во оваа трагедија“, рече тој.

Хрватската министерка за здравство Ирена Хрстиќ претходно денеска соопшти дека во нападот во основното училиште „Пречко“ во Загреб утринава загинало седумгодишно дете, а пет лица се повредени, од кои три деца и двајца возрасни.

Денеска речиси сите електронски медиуми во Босна и Херцеговина ја пренесоа веста за нападот врз учениците и наставникот во основното училиште во Пречко, нагласувајќи дека тоа е голема трагедија, а политичарите веднаш почнаа да испраќаат сочувство до официјалните лица во Хрватска и до хрватските граѓани. .

Сите највлијателни портали, радио и телевизиски станици опширно известуваа за трагедијата во Загреб во која 19-годишник уби седумгодишно дете, а повреди три деца и една наставничка.

Медиумите јавуваат дека злосторството ја шокирало јавноста во Хрватска и ги објавуваат сите детали за состојбата на жртвите како и околностите под кои се случил нападот.

Поврзани новости