Српскиот претседател Александар Вучиќ вечерва и се обрати на јавноста од седиштето на Српската напредна странка, по повод повторувањето на изборите на одредени избирачки места.
Вучиќ рече дека според нивните податоци, изборниот список „Александар Вучиќ – Србија не смее да запре“ на повторените избори освоил 69,5 отсто од гласовите на 35 избирачки места, списокот „Србија против насилството“ 12 отсто, а коалицијата околу Социјалистичка партија на Србија „Ивица Дачиќ – премиер на Србија“ 5,84 проценти од гласовите.
Тој рече дека излезноста на национално ниво е околу 43 отсто и нешто помалку од 40 отсто на ниво на Белград.
Тоа значи дека,ако има релативно пристојна излезност на 2 јануари и ако овој тренд продолжи, реално е да се очекуваат 130 мандати, а не 129 мандати”, рече Вучиќ.
Според него, Владата на Србија ќе биде формирана до крајот на февруари или почетокот на март следната година.