Вучиќ: Убава желба е членството на земјите од Западен Балкан во ЕУ до 2030, кој сум јас да го уништам оптимизмот на другите

by Fokus

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ  рече дека на состанокот на Брдо-Бриони, што денес се одржува во Скопје се разговарало за европската иднина на регионот, за која едни имаат поголем ентузијазам, а други помал.

Тој рече дека денот поминал во конструктивна дискусија и дека во декларацијата стои дека е потребно членство во ЕУ што поскоро, а најдоцна до 2030 година.

-Ова се убави желби, но кој сум јас да го уништам оптимизмот и да им ја намалам амбицијата на некои други. Одлично ако е така, но не сум сигурен, изјави Вучиќ.

Тој изјави дека средбата била коректна и добра, а се разговарало за економските предизвици и како да се надминат проблемите во иднина.

Вучиќ рече дека е загрижен за цената на нафтата и дека се плаши дека таа ќе продолжи да расте, бидејќи тоа може да загрози други работи во сите земји од регионот

Поврзани новости