Вучиќ: Стотици милиони евра беа вложени за рушење на власта во Србија, но нема да успее

by Fokus

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска во Фрајберг изјави дека јавноста ќе биде изненадена кога во наредните денови ќе дознае колку стотици милиони евра се вложени во обидот за рушење и промена на власта во Србија, во кој тие не успеаја.

„Не успеаја, ниту ќе успеат во иднина“, им рече Вучиќ на новинарите одговарајќи на прашања поврзани со протестите, насилството и навредите што ги придружуваат.

Тој рече дека за ваквото однесување на опозицијата, покрај тоа што не можат да го издржат тоа што Србија е втора најбрзорастечка економија во Европа и дека пред германскиот канцелар Олаф Шолц може да каже дека очекува Србија да биде најбрзо растечката економија во Европа следната година, има и рационално објаснување.

„Заклучокот е дека славините ќе бидат вклучени за да се додадат пари на оние кои учествуваа во обидите за бесрамни револуции низ светот. И сега кога се ближи крајот, кога веќе нема да има толку многу пари за овие уривања, нервозата е голема и мора да се побрза да се проба нешто за се или ништо и пак ќе биде како и секогаш едно големо ништо за нив и еден голем успех на Србија и чекор напред кон иднината и напредокот“ изјави Вучиќ, пренесува Танјуг.

Поврзани новости