„Не можам да кажам дека ова беше лесен момент, но не е ниту прв ниту последен и важно е да се однесуваме одговорно. Станува збор за големи политички, тектонски промени. По 10 години Србите ги напуштија институциите на Приштина“, изјави вечерва во емисијата Хит Твит претседателот на Србија, Александар Вучиќ.
Тој смета дека најголемата грешка што ја направила Србија е одлуката да ги премести преговорите со Приштина во ЕУ и дека со бриселскиот договор купиле 10 години мир.
„ Повлекувањето од институциите мораше да се случи бидејќи секогаш кога не ги почитуваа правилата, Србите сакаа да ги напуштат институциите, но јас ги молев да не го прават тоа и им благодарам што го издржаа притисокот. Ме почитуваа и ми веруваа. Најмалку 20 пати ги спречив да го направат тоа. А потоа дојде месец јуни, барикадите, таа ноќ беше можно да се случи големото крвопролевање што Албанците планираа да го нападнат северот. Се беше подготвено за тоа“, изјави Вучиќ.