Претседателот на Србија Александар Вучиќ изјави дека во Србија ќе никне нова фабрика за вакцината на Синофарм.
– Следните денови во рок од две недели, тоа ќе го направиме и официјално и за потпишување. Тоа ќе биде целосно гринфилд, нова фабрика за вакцини, за Синофарм вакцини, која ќе ја градиме заедно со Обединетите Арапски Емирати и со Кинезите во Србија – рече Вучиќ.
Воедно, тој укажува дека договорено е фабриката за вакцината на Синофарм да биде изградена и да почне со производство од 15 октомври.
– Дотогаш ќе имаме големи количини вакцини за нас, но и за целиот регион, бидејќи тоа што го научив вечерва е дека ќе мораме па макар и по цена на чинење да дадеме вакцини и на регионот, бидејќи сите наши луѓе кои ќе ги излечиме или превентивно да делуваме нема да вреди ако во регионот има проблем – објаснил Вучиќ.