304
Српскиот претседател Александар Вучиќ вечерва изјави дека Србија е последната земја на која и се потребни инциденти како оние во Бањска.
Во интервјуто за Си-Ен-Ен, кое го направи новинарката Кристијан Аманпур, која се прослави со известувањето од боиштата на поранешна Југославија, тој рече дека секој може да види дека Србија е конструктивен партнер, а дека другата страна не прави ништо.
„Тие вршат етничко чистење, во последните две години бројот на Срби на Косово и Метохија е намален – сега има 10 отсто помалку“, рече тој.