Вучиќ: Сите пензионери во Србија ќе добијат по 20.000 динари помош

by Fokus

Српскиот претседател – Александар Вучиќ, најави дека на сите пензионери од 25 ноември до 5 декември ќе им бидат исплатени по 20.000 динари.

Тој рече дека пензиите ќе им бидат зголемени на 1 октомври, а веќе е најавено ново зголемување за јануари следната година.

Тој рече дека државата ќе додели 285 милиони евра за еднократна помош за пензионерите и, како што рече Вучиќ, ќе се исправи неправдата што пензиите не ги следеле платите.

Претходно, министерот за финансии Синиша Мали најави зголемување на пензиите за 5,5 отсто на 1 октомври, а потоа ново зголемување од 14,8 отсто во јануари следната година.

Од почетокот на 2024 година просечната пензија во Србија ќе биде 390 евра.

Поврзани новости