Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е сигурен оти надлежните државни органи ќе утврдат кој е кривично одговорен за трагедијата што ја погоди Србија.
– Сигурен сум дека надлежните државни органи ќе откријат кој е кривично одговорен за трагедијата што ја снајде нашата земја – нагласи Вучиќ.
Да потсетиме, претседателот Вучиќ во своето обраќање до јавноста во петокот, кога се случи трагедијата во Нови Сад, кога 14 лица загинаа при падот на настрешницата на Железничката станица, рече дека одговорните ќе одговараат.
Потоа побара од Владата и од Обвинителството одговорните за тоа што се случи да бидат кривично гонети и најстрого казнети.
– Нема да се занимавам со оние кои би се криеле од одговорност под покровителство на властите. Барам политичка одговорност, а пред тоа секако кривична – изјави тогаш Вучиќ.