539
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ во своето гостување на „Ново утро“ на телевизија Пинк, одговараше на прашања на гледачите, откривајќи шокантни податоци.
Тој патем, упати силни критики до тие кои до вчера биле на власт во нашиот северен сосед.
„Не доведоа до питачки стап, ја упропастија Србија. А од друга страна, нивните фирми многу напредуваа. Што се однесува до насловната страница на НИН, мислам дека таа фотографија е вистинска слика и жал ми е што е повлечена. Таа фотографија е прилика за оние кои би сакале да ја водат Србија на друг начин. Секој ден ме нарекуваат психопат, дека имам сида, па дури и дека сум шеф на вооружена мафија“, порача Вучиќ.