Вучиќ се сретна со Зеленски: Уште еднаш укажав дека Србија го почитува територијалниот интегритет на Украина

by Fokus

Српскиот претседател Александар Вучиќ утрово се сретна со неговиот украински колега Володимир Зеленски по неформалниот самит во Атина организиран од грчкиот премиер Киријакос Мицотакис за лидерите од Западен Балкан и претставниците на ЕУ.

Вучиќ на својот Инстаграм профил напиша дека имал „добар и отворен“ разговор со Зеленски за сите важни прашања, како за Србија и Украина, но и за регионот и светот.

„Се осврнавме на настаните во Украина и на Косово и Метохија и уште еднаш укажав дека Србија го почитува територијалниот интегритет на Украина, што јасно и недвосмислено го кажуваме од почетокот на конфликтот“, рече Вучиќ.

Вучиќ рече дека украинскиот претседател побарал билатерални разговори и дека приватно ќе разговара со Зеленски „за се што се случува во последно време околу Косово и Метохија, за признавањето и непризнавањето“.

Поврзани новости