Вучиќ се сретна со Џипинг: Ме нарече стар пријател

by fokus

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ утрово во Пекинг се сретна со претседателот на Кина, Си Џипинг, а после средбата зборуваше за добрите односи меѓу Кина и Србија.

-Многу сум задоволен, неколку пати ме нарече стар пријател, а кинеската поговорка вели дека најдобри се старите пријатели и старото винo. Потврди дека едвај чека да дојде во Србија, но не одел никаде поради короната, рече Вучиќ.

- Advertisements -

Разговарале за стратешки работи, меѓусебната поддршка во зачувувањето на територијалниот интегиртет во меѓународните институции и организации и според Вучиќ, тоа е многу битно поради Косово.

Освен тоа разговарале и за договорот за меѓусебна трговија, воено-техничката соработа, инфраструктурните проекти.

Тој му се заблагодари на кинескиот претседател за гостопримливоста и упати честитки за организацијата на церемонијата на Зимските олимписки игри.

Ова е седма средба меѓу двајцата претседатели.

Поврзани новости