Српскиот претседател Александар Вучиќ најави дека во мај ќе се повлече од чело на владејачката Српска напредна партија.
-Десет години сум на челото на партијата и тука ќе бидам до мај. Мислам дека тоа е доволно. Во главата веќе имам четворица кандидати за наследник. Време е за нови луѓе, јас сум веќе 10 години на нејзиното чело. Се повлекувам бидејќи не сакам да загрозам што било пред тоа и победата на партијата на изборите – порача претседателот на партијата и на државата.
Тој додаде дека сака, како што вели, да ужива во секојдневни работи од кои политиката го оддалечила.
-Би се зачудиле кога би кажал дека и јас имам топлина и емоции, понекогаш сум и јас човечко суштество, си кажувам дека ова го можам, а ова не. Не сум бил ни еден ден на море, можеби сум сакал да бидам нормален, обичен човек… Да видам што ми прави ќерката, малиот син да го однесам на џудо, кошарка, големиот веќе не ме рецка два отсто – рече Вучиќ.