341
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека Русија го предупредила српското раководство за претстојни масовни немири, наводно организирани од претставници на западни земји, со цел дестабилизација на Србија.
Вучиќ нагласи дека оваа информација е добиена преку официјални канали и дека српските безбедносни агенции веќе работат на истрагата. Тој увери дека Србија ќе продолжи напред и дека нема да биде сопрена.
Официјалната портпаролка на руското министерство за надворешни работи, Марија Захарова, исто така предупреди на обиди од “псевдодемократски кругови” да ја дестабилизираат Србија, користејќи ја загриженоста на граѓаните за животната средина за поткопување на владините напори за одржлив развој и независност.