Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска телефонски разговарал со премиерите на Северна Македонија и Албанија, Зоран Заев и Еди Рама за претстојната средба во Охрид, со која се продолжуваат разговорите за воспоставување на т.н.„мал Шенген“.
https://www.instagram.com/p/B4cRMSUJ9wL/
Како што јави дописникт на МИА, Вучиќ на својот Инстаграм профил „budućnostsrbijeav“ објави фотографија на која се наоѓа на работната маса, покрај телефон и бројни документи, како и слика со неговите соработници, со порака „одличен конференциски разговор со Рама и Заев пред важниот самит во Охрид на 9 ноември“.
Минатиот месец во Нови Сад беше доесена Декларација со која е договорено разговорите за отстранување на пречките за слободен проток на стоки, услуги, капитал и луѓе да продолжат во Охрид, каде се очекува да бидат претставени конкретни мерки.
Телефонскиот разговор со премиерот Зоран Заев и Еди Рама, следи веднаш по разговорите што тој ги имаше денеска во Белград со специјалнот пратеник на државниот секретар на САД, Метју Палмер. На зедничката прес-конференција, Вучиќ изјави дека Србија „се залага за соработка со земјите на Западен Балкан, што се гледа и преку продолжување на состаноците со Северна Македонија и Албанија, а потоа и со сите останати (т.н. „мал Шенген“) неделава во Охрид“, заблагодорувајќи се на подршката на САД за оваа идеја.
-Отворено можам да кажам, дека САД ја подржаа оваа идеја, која се базира на четирите слободи на движење на стоки, луѓе, услуги и капиталот и ние тука очекуваме и дополнителна подршка од Палмер и од САД воопшто, изјави Вучиќ.
Палмер на прес-конференцијата, изјави дека главна тема на состанокот со српскиот претседател била политичката ситуација во регионот и косовското прашање, поврзувајќи го ова со како што кажа, „ставот на САД дека сакаат Западен Балкан да има европска персектива“.