Српскиот претседател Александар Вучиќ остварил телефонски разговор со рускиот претседател Влладимир Путин кој го оцени како „многу добар“ и за кој информираше преку видео на својот инстаграм профил
„Разговорот со Путин беше добар, отворен и значаен. Разговаравме за 80-годишнината од ослободувањето на Белград, се заблагодарив за честитките и го истакнав слободарскиот дух на српскиот народ“, вели Вучиќ.
Тој истакна и дека се надева оти Србија, како и пред две и пол години, нема да воведе санкции кон Русија и изрази благодарност за руската поддршка во Обединетите нации и во однос на територијалниот интегритет на Србија.
„Тоа нема да се промени“, изјави српскиот претседател.
Тој особено му се заблагодари на Путин што обезбедил доволно количество гас за Србија.
„Исто така им се заблагодарив на претседателот Путин и Алексиј Милер затоа што Русија обезбеди доволни количини гас за Србија оваа зима, 6 милиони кубни метри, со дополнителни 2 и 3 милиони. Оваа шема е исклучително важна за нас, по многу поволни цени“,вели Вучиќ.