Вучиќ: Разгледував и опција за испраќање војска, ама избрав мир

by fokus

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска одговарајќи на новинарско прашање рече дека ја разгледувал и опцијата да ја испрати армијата по повод последните настани на Косово.

-Моја уставна обрска е да го штитам интегритетот на Србија. Затоа ме избраа граѓаните. Не гледам што е толку спорно да разгледуваме…Не донесов одлука. Да донесов, ќе бевте запознаени. Тоа не може да се скрие. Но, дека разгледував таква опција – тоа е точно. Избрав трпеливост и зачувување на мирот. Секогаш таква опција ќе одберам доколку не е ситуација од која не може да се извлечете туку мората да барате употреба на армија, изјави Вучиќ.

Поврзани новости