952
Српскиот претседател Александар Вучиќ во своето гостување на РТС раскажа за разговорот со првиот човек на Русија, Владимир Путин.
„Ние двајцата се познаваме одамна и не можам и нема да го прифатам тој пристап во кој го нарекуваат Хитлер или го нарекуваат лудак. Тој не е ниту лудак, ниту луд, ниту хистеричен. Ми зборуваше многу стабилно, смирено и рационално. Тој сакаше да ме информира за ситуацијата во Украина, за Буча и за плановите“, рече Вучиќ.