Српскиот претседател Александар Вучиќ вечерва од Париз порача дека дека конечно, како што рече, маските паднале. Според него, протестите се чин на тероризам.
-Десничарите и левичарите, фашистите и антифашистите започнаа да се борат меѓу себе. Оној што го прободе другиот, се исплашил и побарал помош од полицијата, а потоа другиот, прободен, дошол во полиција, која му помогнала. Тоа се сите оние кои со денови тепаат полицајци, фрлаат со се и сешто. Полицијата ги уапси двајцата, и им пружа лекарска помош – рече Вучиќ.
Тој повтори дека никој да дојде на власт со насилство, туку само на избори.
-Оние кои ги бојкотираа изборите ги повикуваа вечерва луѓето да го затворат автопатот кај Нови Сад, тоа е чист тероризам. Немојте да го загрозувате здравјето на луѓето, секоја вечер организирано да заразувате одреден број луѓе. Државата не дозволи одржување на овие протести – истакна Вучиќ.