Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави денес дека со имплементација на програмата за инвестиции „Србија 2025“, просечната плата на крајот на 2025 година би изнесувала 900 евра, а пензиите помеѓу 430 и 440 евра.
Како што јави дописникот на МИА од Белград, Вучиќ заедно со премиерката Ана Брнабиќ, на презентација на тој инвестициски проект, кажа дека до 2025 година Србија ќе одржува стабилен курс на еврото, кој ќе остане меѓу 117 и 120 динари за евро, колку што изнесува од 2012 година.
Тој план, како што оцени, е изводлив со раст на бруто домашниот производ (БДП) на Србија од четири проценти, што претставува, конзервативно толкување на проекцијата за раст и додаде дека Светската банка посочила дека е можно Србија да постигне раст на БДП и до седум проценти.