Вучиќ прогласи победа: Србија драматично тргна надесно

by fokus

Претседателот и претседателски кандидат на СНС, Александар Вучиќ, вечерва соопшти дека според податоците на неговата партија, од досега обработениот материјал освоил меѓу 59,9 и 60,1 отсто од гласовите.

Вучиќ пред новинарите во изборниот штаб на СНС изјави дека Здравко Понос освоил 17,7 отсто од гласовите, Милош Јовановиќ 5,9 отсто, а Милица Ѓурѓевиќ Стаменковски 4,5 отсто.

Во однос на парламентарните избори, Вучиќ рече дека според податоците на неговата  партија, листата предводена од „Александар Вучиќ – Заедно можеме се“ освоила 44 отсто од гласовите, што е околу 124-125 пратенички места.

„Обединети за победа на Србија“  освоила 13,6 отсто, а листата „Ивица Дачиќ – Премиерот на Србија – 11 , 4 отсто.

Коалицијата НАДА освои 5,3 отсто, Морамо 4,7 отсто, Заветници и Двери по 3,8 отсто, а радикалите и суверенистите 2,2 и 2,3 отсто.

Вучиќ истакна дека влијанието на украинската криза било огромно врз резултатите од денешните избори, а Србија драматично тргнала надесно.

Најави дека листата што ја предводи ќе води сметка при формирањето на владата и дека нема да соработува со оние кои неодговорно ја злоупотребиле ситуацијата.

„Србија ќе треба да одлучи како и на кој начин оди во иднина. Не се сомневам дека ќе разговарам со сите политички фактори, дури и со оние кои се чини дека се најдалеку од нас“, нагласи тој.

Вучиќ истакна дека на оние на кои сè им е лесно во изборната кампања, продолжуваат да се занимаваат со лесна политика, но за нив нема да има место во српската влада, а тоа важи и за градското собрание и за владата.

Поврзани новости