Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, одржа говор во Советот за безбедност на ОН на седницата посветена на ситуацијата во јужната српска покраина.
– Насилството и прогонот што Приштина сега отворено ги спроведува против Србите е природен дел од долгорочниот, систематски и широко распространет напад врз српското цивилно население низ Косово и Метохија и може да доведе до непоправлива штета, која сите заедно мора да ја избегнеме во интерес за зачувување на животот, мирот и стабилноста.
Затоа, Република Србија апелира до Советот за безбедност, меѓународните организации и земјите кои можат да влијаат на решавањето на кризата да преземат итни и решителни мерки со цел нормализирање на ситуацијата на Косово и Метохија, спречување на понатамошен прогон на Србите и создавање услови за повторно воспоставување на значаен дијалог меѓу Белград и Приштина во согласност со Повелбата на ОН и релевантните резолуции на Советот за безбедност на ОН – рече Вучиќ.
View this post on Instagram