Вучиќ предизборно порача: Народот не сака во НАТО

by Фокус

Претседателот на Србија и лидер на Српската напредна партија, Александар Вучиќ, денеска на првиот предизборeн митинг во Мерошина, каде владејачката коалиција ги започнува предизборните активности, изјави дека народот на Србија „не дава и не сака да влезе во НАТО“.

Вучиќ оцени дека народот ја сака воената неутралност и сака сам да го „чува сопственото небо“ и да има силна армија, за, како што порача, никој да не го загрозува суверенитетот на државата.

Тој најави дека „народот ќе биде израдуван со системите кои се меѓу најмоќните оружја во светот“ и дека Србија повеќе нема да биде лесен плен за никого.

Вучиќ оцени дека Србија се соочува со „многу искушенија и повтори дека Србија е на европскиот пат, но и дека нема да ги „расипува“ односите со Русија и Кина „бидејќи некој тоа го бара“.

-Ако дојде до конфликт, а се надевам дека нема – нема да има пченица, гас, нафта или деривати, а прашање е колку сол и нафта ќе имаме. Но обезбедивме доволно резерви – рече Вучиќ.

Поврзани новости