Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска изјави дека Србија и светот се пред најтешката година во поновата историја, година која носи конфликти и немири, поради што најважна задача на Србија е да го зачува мирот.
Вучиќ денеска напомена дека следната година на планетата и претстојат бројни избори, од Тајван и САД, до Русија и Украина и вели дека стравува дека 2024 година ќе биде тешка за целиот свет.
– Мислам и за загрозеност за жителите на Косово и Република Српска и воопшто во регионот. Затоа мислам дека е важно секој ден да доаѓаме до заеднички именител како да ја зачуваме нашата слобода, земјата и иднината – рече Вучиќ.
Тој зборуваше за важноста на компромисот, кој ќе обезбеди „државата да не се откаже од својата територија или од својот народ“, нагласувајќи дека е неопходно да се чекаат „поповолни можности во светот за вистината да излезе на виделина“.