Александар Вучиќ, претседателот на Србија нареди Армијата, полицијата и Агенцијата за безбедност и информации на Србија херметички да ја затворат границата кон Македонија доколку дојде до наплив на мигранти кои со денови од турската страна се обидуваат да влезат во Грција, пишува српски „Блиц“.
Вучиќ превентивно се определил за тоа, имајќи ја предвид националната безбедност, но е сигурен дека Србија доколку има потреба ќе може да ја заштити својата територија.
-Повеќе од 130.000 мигранти моментно се на турско-грчката граница, а Србија доколку има потреба ќе може да ги заштити своите граници и територија од мигрантите и ќе биде водена единствено од националната безбедност и безбедносните интереси, изјави вчера српскиот претседател Александар Вучиќ. .
Тој истакна дека српските служби ги добиваат сите важни информации и ќе донесат одлуки според ситуацијата.
Во исто време, премиерката Ана Брнабиќ најави владина седница за мигрантската криза.