Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска помилува 13 лица, меѓу кои шест студенти, кои со тоа беа ослободени од кривично гонење, соопштија од неговиот кабинет.
Во соопштението се наведува дека Вучиќ потпишал 13 решенија за помилување на студенти, декан, како и четворицата директори на училишта.
Решенија за помилување на претседателот на Републиката се доставени до Министерството за правда на понатамошна постапка, се наведува.
Предлозите на министерот за правда за помилување со кое се дава изземање од кривично гонење беа доставени до Претседателството во понеделник на 27 јануари.
Комисијата за помилување на денешната седница ги разгледа предлозите на министерот за правда и едногласно ги усвои предлозите за помилување, за што беше информиран и претседателот на Републиката.
„Вучиќ по разгледување на предлозите на министерот и предлозите на Комисијата за помилување донесе 13 решенија за помилување“, се прецизира.
Тие беа уапсени за време на студентските протести и блокади поради падот на настрешницата во Нови Сад, кога на 1 ноември минатата година загинаа 15 лица, а двајца беа тешко повредени.