Вучиќ положи заклетва: Работа, работа и работа

by Фокус

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска во Народното собрание положи заклетва за втор петгодишен претседателски мандат.

Обраќајќи им се на пратениците и на гостите, тој рече дека негови приоритети во работата ќе бидат „мирот, стабилноста, независноста во одлучувањето, слободата на Србија, безбедноста, здравството, Европа.

-Работа, работа и работа – истакна тој.

Вучиќ рече дека интересите на туѓите амбиции „отсекогаш се вкрстувале“ низ Србија.

-Да ги конкретизирам работите, светот пред нашите очи секојдневно драматично се менува. Нападот врз Украина е пресвртница во меѓународните односи – рече тој.

Според него, Русија сакала да ја прекине доминацијата на западната моќ, а Западот да ја зачува светската доминација и да го заштити меѓународното право.

Вучиќ рече дека е горд на Србија која се однесува во согласност со принципите на меѓународното јавно право и која може недвосмислено и јасно да осуди, но се гордее и со фактот што во Србија, како што наведе, нема русофобија. или антизападно однесување.

Поврзани новости