501
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека одлучил да не каже ниту збор за денешната средба со претставниците на земјите од Квинтaта: Соединетите Американски Држави, Велика Британија, Франција, Италија и Германија. Тој наведе дека така е подобро за сите.
„Донесов одлука да не кажам ниту еден збор за средбата со претставниците на земјите од Квинтата и шефот на делегацијата на ЕУ во Србија. Мислам дека е подобро за сите“, напиша Вучиќ на Инстаграм.