Денеска во Брисел се одржува нова рунда разговори меѓу Белград и Приштина, со посредство на ЕУ, а со учество на претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерот на Косово, Албин Курти.
Имаат средба со високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност и потпретседателот на Европската комисија, Жозеп Борел, како и со специјалниот претставник на Европската унија за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак.
I am hosting President @predsednikrs Vučić and Prime Minister @albinkurti for a High-Level Meeting of the Dialogue in Brussels.
It is time to start implementing the Agreement on the path to Normalisation in earnest. Today, we will see if they are ready to take responsibility. pic.twitter.com/q8ws2Pqtye
— Josep Borrell Fontelles (@JosepBorrellF) September 14, 2023
На Инстаграм профилот на српскиот претседател беше објавено дека во Брисел започнале тешки разговори, а објавена е и слика од Вучиќ и Борел.
„Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, со високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност и потпретседател на Европската комисија, Жосеп Борел и специјалниот пратеник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак“, се вели на профилот на Вучиќ.