Побарав од Макрон да вложи дополнителни напори за приштинската страна да се вразуми и да се врати во рамките на конкретни разговори, рече претседателот на Србија Александар Вучиќ кој денес телефонски разговарал со претседателот на Франција Емануел Макрон.
„Како и секогаш, отворен и сериозен разговор со претседателот Емануел Макрон, кому му ги претставив последиците од опасниот развој на ситуацијата на Косово и Метохија“, изјави Вучиќ , пренесоа српските медиуми.
Тој оцени дека „сега нескриеното насилство насочено против Србите на Косово сè појасно ја отстранува секоја можност за цивилизиран развој и пристап кон решавање на отворените прашања“.
Тој напиша дека нагласил дека Србија останува посветена на дијалогот и зачувувањето на мирот, иако српската заедница во Косово е единствената етничка група во Европа која е изложена на постојано насилство.
„Побарав од претседателот Макрон да вложи дополнителни напори за приштинската страна да се вразуми и што поскоро да се врати во рамката на конкретни разговори, како и да престане да ги прави бесмислени сите напори насочени кон деескалација на ситуацијата. “ изјави Вучиќ.
Тој додаде дека му се заблагодарил на Макрон за неговата подготвеност да го сослуша Белград, како и за неговата решеност да се ангажира дополнително со цел „да се реши исклучително сложената и пред се опасна ситуација на Косово.