798
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, побарал од српската Влада да овозможи бесплатна вакцинација за граѓаните на Македонија, објави српски Блиц.
Македонците ќе можат да примат некоја од четирите вакцини на „Фајзер“, „Синофарм“, „Астра-Зенека“ и „Спутник В“.
И граѓаните на БиХ од денеска можат да се вакцинираат било каде на територија на Србија, откако Вучиќ вчера изјави дека има доволно за сите ширум Србија.