Планот за Косово веќе не е само француско-германски план, туку многу повеќе од тоа, порача српскиот претседател Александар Вучиќ во вечерашното обраќање до јавноста.
Тој посочи дека на состанокот со „големата петорка” му било кажано дека Србија мора да го прифати планот, а во спротивно ќе се соочи со прекин на евроинтеграцискиот процес, запирање и повлекување на инвестициите и сеопфатни мерки во економската и политичка смисла. Тој вели и дека ќе има голема борба за Заедницата на српските општини, како и дека е загрижен бидејќи нема порационален пристап за решавање на проблемот.
-Дојде „западната петорка”, и во втората реченица што ми беше соопштена е речено – треба да го прифатите овој (француско-германски) план, а ако не го прифатите, ќе се соочите со последиците”, истакна Вучиќ.
Според него последиците кои му биле посочени се прекин на евроинтеграцискиот процес, и стопирање и повлекување на инвестициите, и сеопфатни мерки во политичка и економска смисла кои ќе и наштетат на Србија.
Тој рече и дека смета дека замрзнатиот конфликт е најлошото решение и затоа треба да се бара компромис но не на штета на Србија