451
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави денеска дека српските надлежни органи утврдиле и докажале дека против Србија е извршено разузнавачко дејствување и оти поради тоа е повлечен персоналот од српската Амбасада во Македонија.
– Нашите надлежни органи утврдија и ни дадоа докази и сознанија за разузнавачко дејствување против институциите на Србија – изјави Вучиќ пред новинарите.
Тој порача дека без разлика на се Србија ќе продолжи да негува пријателски односи со Македонија.
– За седум до десет дена работите ќе бидат појасни – потенцираше Вучиќ