Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска во Сјеница изјави дека опозицијата знае дека ќе ги загуби изборите во април и затоа шират приказни дека некој ќе ги украде изборите иако на гласачките места ќе имаат повеќе луѓе од неговата СНС.
Претседателот ова го кажа одговарајќи на прашањето на „Пинк“ за коментар на најавата на Партијата за слобода и правда на Драган Ѓилас дека 38,6 отсто од граѓаните веруваат во победа на опозицијата на изборите во Белград, а 36,8 отсто во победа на власта.
-Тие постојано велат дека победуваат, а ние постојано велиме дека губиме, но тоа нема врска со вистинските гласови, туку со тоа кој што мисли, изјави Вучиќ.
Тој повтори дека се ќе се види на изборите на 3 април.
„Ќе видите што прават. Тие знаат дека ќе изгубат, знаат дека граѓаните гласаат за чесност, одговорност и работа, а не за кражба. Тие знаат дека секаде ќе загубат, изјави Вучиќ.
Посочи дека затоа сега велат дека ќе се крадат изборите, иако на избирачките места ќе имаат повеќе контролори од СНС.
-Јасно им е дека немаат политика, дека немаат народ, но сакаат нешто насилно да зграпчат. Тоа ќе трае три или четири дена или три или четири месец“, вели Вучиќ.