Вучиќ: Одлуката е донесена – испраќаме барање за враќање на српската војска на Косово

by Fokus

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, по седницата на српската  влада изјави дека  е донесена одлука, базирана на  резолуцијата 1244. на Советото за безбедност на ОН, барањето за враќање на српските безбедносни сили вечерва да се достави во електронска форма, а утре до командантот на КФОР.

Одлуката е донесена едногласно, вели Вучиќ, додавајќи дека  оваа одлука  ќе ги намали тензиите на северот на Косово .

Премиерот на косовската влада Аљбин Курти денеска во Прага поднесе барање за членството на Косово во  ЕУ, што дополнително ги зголеми тензиите меќу Белград и Приштина.

Поврзани новости