Вучиќ од Брисел: Јасно е дека Приштина не сака да ја исполни својата обврска во однос на ЗСО, стигнавме до ѕид

by Fokus

„Јасно е дека Приштина не сака да ја исполни својата обврска од пред десет години, а денес првпат дојдовме до ѕидот“, рече српскиот претедател Александар Вучиќ во изјава за медиумите по трилатералната средба во Брисел со премиерот на Косово, Албин Курти, со посредство на претставниците на ЕУ, Жозеп Борел и Мирослав Лајчаки додаде:

„Јасно беше од моментот кога беше презентиран Нацрт (Статутот на ЗСО) на менаџерскиот тим и начинот на кој тие се обидоа да ги понижат двете жени до нивната реакција потоа, која беше дека тоа за нив е неприфатливо бидејќи не е во согласност. со косовскиот устав и дека не ја сакаат Република Српска“.

Вучиќ рече дека се надева оти разговорите ќе продолжат и дека и покрај тоа што налетале на ѕид, ќе дојдат до решение.

„Ќе слушнете безброј изговори. но суштината е ова. ЕУ излезе со својот предлог, јас го прифатив тој предлог, но Приштина го одби. Мислев дека е важно да се зачува стабилноста. Се надевам дека ќе има некој што ќе може да влијае на промената на ставот на Приштина“ смета Вучиќ.

Поврзани новости