Претседателот на Србија, Александар Вучиќ и помошникот секретар на Бирото за европски и евроазиски прашања на Стејт департментот Џејмс О’Брајан по денешната средба во Белград оценија дека Србија и САД имаат различни ставови по прашањата за Косово и Резолуцијата за Сребереница, како и дека разговарале за тоа „како да бидата партнери денес“, јави дописникот на МИА од Белград.
Џејмс О’Брајан изјави дека една од темите била престојаната посета на Вучиќ на Њујорк во ОН.
-Косово вети дека ќе ја спроведе обврската за формирање на ЗСО и тоа е од клучно значење за Србите. Ако постои загриженост дека меѓународната заедница не ги исполнува своите обврски, се надевам дека ќе работиме на исполнување на ветувањето и ќе помогнеме, изјави О’Брајан на прес-конференцијата по средбата.
За гласањето на Резолуцијата за Сребреница, тој рече дека бил дел од тимот што ги истражувал убиствата.