346
Александар Вучиќ, претседателот на Србија најави дека во текот на оваа и на минатата година, дел од српски невладини организации добиле огромни суми на пари за негово уривање. Тој наведе дека станува збор за десетици, па и стотици милиони евра.
-Оваа и минатата година ова се рекордни пари. Огромни пари. Погледнете ја само медиумската содржина и се останато, тоа не се стотици милиони евра, туку милијарди евра. Само пресметајте го тоа, нема да зборувам за сè друго. Во првите шест-седум месеци имате инвестирано 78 милиони евра преку овој невладин сектор, и тоа не во секој невладин сектор, туку во овој многу политички и антидржавно ориентиран, изјави Вучиќ.