Вучиќ: Немам илузија во врска со брзото влегување на Србија во ЕУ

by fokus

Српскиот претседател Александар Вучиќ синоќа изјави дека нема илузија во врска со брзото влегување на Србија во Европската унија и додаде дека е важно земјата да остане на европскиот пат. Тој на прес-конференција во Љубљана рече дека предлогот на Словенија е сите земји од Западен Балкан да станат членки на ЕУ до 2030 година, но дека европските лидери нема да го прифатат тоа.

„Со текот на годините научивме дека треба да се грижиме за себе, да го разбереме нашето секојдневие и нивните потреби. Проширувањето кон Западен Балкан не е доминантна и не е популарна тема“, рече Вучиќ на прашањето што очекува од Самитот ЕУ-Западен Балкан.

Тој оцени дека Србија е „најподготвена во смисла да биде дел од ЕУ и убедливо поподготвена во однос на економијата од сите на Западен Балкан“, но дека станува збор за политичка одлука.

Поврзани новости