Вучиќ: Нема збор за членство во ОН – нема признавање

by Fokus

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека Србија не користи трикови и дека ќе го исполни и ќе работи на спроведување на сето тоа што го кажал во Охрид и покрај тоа што не мисли дека Приштина ќе ја исполни својата единствена обврска, а тоа е да ги почитува договорите постигнати во дијалогот, да формира Заедница на српските општини.

„Тоа што веќе го кажав е дека нема збор за членство во Обединетите нации, како и за организации, институции и агенции на ОН и – нема признавање“ кажа Вучиќ, одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференцијата со шефот на италијанската дипломатија Антонио Тајани.

Ние, за разлика од нив, посочи Вучиќ, никогаш не сме се користеле со трикови, секој ден го повторувам тоа што го кажав во Народното собрание, како и она што им го кажав во Охрид, Брисел и на западната петорка во Белград.

„За Србија е правно обврзувачко кога на нешто ставам потпис или печат, или кога вербално или усно се согласувам. И никој друг не може да произведе правни последици за Србија освен нејзиниот претседател и во некои случаи премиерот или министерот за надворешни работи. Што се однесува до исполнувањето, Србија ќе го исполни и ќе работи на имплементација на сè што рече дека ќе направи, и покрај тоа што не мислам дека Приштина ќе го исполни она што е единствената обврска, а тоа е да ги почитува договорите постигнати во дијалогот и да формира ЗСО. Значи, се што кажавме дека ќе работиме на имплементација, ќе го направиме, а она што го кажав дека нема, а тоа му го повторив и на Тајани денеска, е дека нема говор за членството во ОН, организации, институции и агенции ОН и нема признавање“ рече Вучиќ.

Поврзани новости