443
Денес е еден од најтешките денови во модерната историја на нашата земја, рече претседателот на Србија, Александар Вучиќ во обраќањето по повод денешниот трагичен настан во Белград кога ученик уби осум ученици и еден член на обезбедувањето во основно училиште/
-За жал, Србија е обединета во тагата. Таа тага е толку голема што не се сеќаваме на поголема. Но, кога сме обединети во тагата, треба да ги погледнеме причините, одговорноста на секој од нас и да бараме решенија, така што вакво нешто, колку и да е непредвидливо, а не велиме, никогаш повеќе, туку да се намалува бројот на трагедии, рече Вучиќ.